Поврзете се со нас

Шпанија

Рафиња: Размислував да си заминам од Барселона, Флик…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Рафиња игра страшна сезона во дресот на Барселона, тим во кој две години се мачеше да се пронајде, да одигра на нивото на кое знае и умее за да во оваа натпреварувачка 2024/2025 експлодира и има учинок од 27 голови и 20 асистенции на 42 натпревари.

Веќе се споменува неговото име и како кандидат за „Златната топка“ ако Барса до крајот освои значајни трофеи до крајот што јасно покажува колку фудбалот е непредвидлив и колку брзо работите можат да се променат затоа што офанзивецот призна дека размислувал да си замине од „Камп Ноу“ минатото лето.

-Размислував да ја напуштам Барса по Копа Америка. Не се чувствував ментално удобно додека не ме повика Флик. Секој ден се шпекулираше дека ќе потпишам за еден или друг тим. Работите не одеа како што треба. Имав полоша сезона од очекуваното и видов луѓе кои бараа да си заминам додека секојдневно се појавуваа вести за моето заминување. Сериозно размислував да си заминам, -обелодени напаѓачот кој посочи дека се се променило по повикот на Флик.

-Флик ми се јави и ме замоли да дојдам на тренинг пред да донесам одлука бидејќи сакаше да разговара со мене и сметаше на мене. Тоа беше пресвртница во мојата одлука да останам. Зборував со сопругата и и кажав: Ако овој човек е фер и го види трудот што го вложувам на тренинзите, ќе го натерам да ме сака за една недела и нема да зажали. И мислам дека бев во право, -вели Бразилецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни