Рафиња со прекрасен погодок ја круниса победата, Барселона го освои трофејот „Жоан Гампер“ (Видео)

barsa

Фудбалерите на Барселона го положија последниот тест пред стартот на новата сезона во Примера и вечерва пред своите гледачи го победија составот на Бока Јуниорс со 3-0 во борбата за трофејот „Жоан Гампер“.

Како што кажува и самиот резултат, каталонците беа многу подобри и поквалитетни од аргентинскиот состав, односно го израдуваат „Камп Ноу“. Својот прв гол во новиот дрес го даде летното засилување Малком кој стрелаше во 18 минута, додека на 2-0 зголеми Меси во 38 минута.

Во вториот дел Валверде испроба нови играчи, а тие му возвратија со прекрасен погодок за круна на триумфот. Автори на одличната акција беа Рафиња и Луис Суарез, тие одлично искомбинираа по што Бразилецот мајсторски ја смести топката во мрежата на гостите.

Барса во првото коло во Примера го дочекува тимот на Алавес, а таа средба е закажана за 18 август.

Facebook Коментари