Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рафиња потврди дека имало жестоко „трето полувреме“ на „Луж“, играчите на Барса биле заштитени со полициски кордон!

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Бенфика и Барселона го одиграа најдобриот и највозбудливиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони, но со оглед на тоа каков крај имаше истиот, сосема очекувано беше да има и тензија на теренот, но и на пат кон соблекувалните.

Играчите на двата тима имаа спротивставени мислења за последниот гол на Рафиња во 96-та минута, а бидејќи истиот донесе победа за Барселона со неверојатни 4:5, претставниците на домашниот тим му се нафрлија на судијата Макели.

Работата не завршила тука и играчите на Бенфика влегле во жестока расправија и со играчи на Барселона, поради што следело „трето полувреме“ во подтрибинскиот простор и посериозна акција од страна на безбедносните сили.

Полицијата морала да направи кордон до гостинската соблекувална со цел играчите на Барселона безбедно да влезат во неа, а додека се случувало тоа, имало жестоки провокации и се употребувале разноразни навредливи зборови.

Оваа вест ја потврди и самиот капитен на Барселона, кој во обраќањето од микс-зоната призна дека одговорил со иста мера на навредите кои ги добил од играчите на Бенфика.

– Јас сум личност која ги почитува сите, но кога го напуштав теренот, имаше противници кои ме навредуваа. Возвратив на тоа доста жестоко, возвратив со иста мера навреди. Знам дека тоа не е добар пример, но возвратив на навредите. На крајот сите се „запаливме“ во таа атмосфера, а противничките играчи решија да ме навредуваат. После се она што се случи на теренот, оваа завршница за мене беше нормална во фудбалот, – изјави Рафиња.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни