Поврзете се со нас

Шпанија

Рафиња по поразот на Барселона: Лут сум, многу работи…

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона е во мини криза и тоа го потврди денешниот резултат со Лас Палмас кој ги шокираше на „Монжук“ од 2-1.

Мечот кој требаше да биде убава роденска честитка за клубот, односно со победа да се прослави 125 години од постоењето, извади на површина слабости на Барса кои почнаа да се појавуваат од натпревар во натпревар, па така прво истите ги искористи Реал Сосиедад, потоа и Селта Виго која остане непоразена за да денеска се случи најголемиот шок на каталонците, пораз од една од најслабите екипи во Примера.

Гостите со два шута во вториот дел стигнаа до два гола и огромен триумф во Каталонија.

-Мора да погледнеме што правиме погрешно за да се обидеме да го добиеме натпреварите. Мислам дека го спуштивме нивото на она што го правиме и тоа ни отежнува на натпреварите. Мора да се обидеме да се подобриме. Многу работи правиме погрешно. Јас сум лут. Следниот натпревар го имаме во вторник и мораме да ја свртиме ситуацијата. Не ми е гајле за мојот гол, се грижам за победата, -порача Рафиња кој беше најсветла точка во редовите на Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни