Лига на шампиони
Рафиња: Му се извинив на Кубарси уште на теренот

Барселона уште еднаш ја покажа својата полетност на највисока сцена и постигна четири гола во мрежата на Борусија Дортмунд, но голеадата на „Монжуик“ почна во 25-та минута при ситуација која беше прегледувана од ВАР.
Рафиња ја допре топката на гол линијата и ризикуваше да направи голема глупост, но забавената снимка покажа дека немало недозволена позиција и неговиот погодок беше впишан на семафорот.
Бразилецот е свесен дека му „украде“ чист гол на младиот Кубарси, а откако целата работа заврши позитивно за тимот, самиот откри дека веднаш му се извинил на соиграчот.
– Бев загрижен при акцијата за првиот гол, откако видов дека се прегледува ситуацијата. Знаев дека се прегледува офсајд, но добра вест беше што на крајот голот беше признат. Ја допрев топката на гол-линијата и му се извинив на Кубарси.
– Тој не ми замери и ми порача дека си запишал убава асистенција. Во тие моменти, мислев дека топката може да заврши крај голот, па затоа донесов брза одлука и излизгав кон топката, – изјави Рафиња, кој не се согласи со ставовите дека Барса веќе е во полуфиналето.
– Нема да кажам дека веќе сме во полуфинале. Има уште еден натпревар за играње и во Германија секогаш може да биде тешко. Станува збор за тим кој поседува квалитет, ќе мора да одиграме на исто ниво како вечерва. Треба да одиграме втор добар натпревар следната недела, – додаде Бразилецот.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)