Шпанија
Рафиња ја посочи главната причина за лошата форма на Барселона во Примера
Барселона утре е домаќин на Атлетико Мадрид во дерби средбата од 18.коло во шпанската Примера, меч во кој каталонците влегуваат како лидери на табелата иако имаат ист број на бодови со избрнаиците на Диего Симеоне.
Избраниците на Флик делуваа незапирливо во првите 12 кола во Ла Лига каде забележаа 11 победи, изградија предност во однос на ривалите, но потоа доживеаа неочекуван пат и запишаа само еден триумф и притоа доживеаа порази од екипи кои се под нивно ниво како Лас Палмас и Леганес и тоа на „Монжуик“.
Ова го искористија конкурентите и се залепија на Барса која е прва, но со меч повеќе во однос на мадридските ривали Атлетико и Реал што значи може да падне и на третотото место. Повеќе е јасно е дека каталонците ќе мора брзо да се разбудат, да покажат повеќе почнувајќи од утрешниот меч.
Рафиња е еден од најдобрите поединци на Барселона во тековнава сезона, лидер и според него лошата форма во последно време се должи на уморот кој е присутен во екипата која реално нема преголем ростер на располагање.
-Се зависи од нас. Бевме лоши. Го спуштивме нивото. Можеби ни недостасуваше концентрација во моменти и тоа не чинеше. И замор исто така. Ако ви кажам дека не бевме уморни во одредени натпревари кога испуштивме поени, ќе ве излажам. Заморот мислам дека е најголемиот фактор, но и ние го спуштивме нивото, -вели Бразилецот кој сепак е оптимист.
-Да, [ќе] поминеме низ ова. Имам тетоважа која вели дека „сè поминува“, што значи дека минуваат лошите моменти и добрите, така што ќе помине. Ние правиме добро, имавме добар момент [на стартот на сезоната], влеговме во лош момент и тоа ќе помине. Тоа е животот. Таков е фудбалот и животот е исто така.
-Мислам дека на секој натпревар, на секој тим треба да му пристапиме како на најмоќниот тим во светот. Ако го направевме тоа, мислам дека ќе бевме многу поконцентрирани, да се браниме заедно, да напаѓаме заедно и поконцентрирани да постигнуваме голови. Ако на секој натпревар одиме мислејќи дека е најважен, ќе бидеме подобри, -заклучи Бразилецот за „ЕСПН“.
-
Англија9 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија15 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Македонија11 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација5 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија2 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)