Свет
Рафиња го „запали“ Суперкласико со бомбастична изјава: Ќе ги победиме на теренот, но и надвор од него!

Рафиња е вистински лидер на теренот и во соблекувалната оваа сезона како капитен на Барселона, но таквиот статус го пренесе и во репрезентацијата, каде во отсуство не Нејмар важи за еден од играчите со најголем авторитет.
На последниот натпревар против Колумбија, Рафиња му држеше лекции на Винисиус Жуниор и го натера побрзо да излезе од теренот во ситуација кога ризикуваше жолт картон, а сега ѕвездата на Барса го привлече вниманието со најавата која ја направи за Суперкласико дербито кое следи во Буенос Аирес.
За два дена во Јужна Америка ќе се одигра дербито меѓу лутите ривали Аргентина и Бразил, а Рафиња како голема ѕвезда на „кариоките“ најави победа во интервјуто со легендарниот Ромарио.
– Ќе им задаеме удар, и на теренот и надвор од него. Ако треба, ќе победиме и на теренот и надвор од него. Ќе постигнам гол против нив, нека се носат……., – одговара Рафиња на Ромарио, откако славниот голгетер заклучи дека Бразил има шанса да триумфира во Буенос Аирес во ситуација кога не игра капитенот Лео Меси.
Натпреварот меѓу големите ривали се игра во среда во раните утрински часови, па останува да видиме каква ќе биде атмосфера на теренот после ваквата најава од Рафиња.
Raphinha, em entrevista à Romário TV, ao ser perguntado por Romário se daria "porrada" em argentino.
"Porrada neles! Sem dúvida! Porrada neles! No campo e fora do campo se tiver que ser!"
Romário: "Vai fazer a porra do gol contra Argentina?"
Raphinha: "Vou! foda-se eles!"
📽️:… pic.twitter.com/F2rFQr5sjV
— LIBERTA DEPRE (@liberta___depre) March 24, 2025
-
Италија24 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија13 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија7 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија11 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија22 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија23 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија8 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)