Поврзете се со нас

Шпанија

Рафиња ги исмева Шпанците за поништениот гол на Левандовски (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски одлично се снајде во шеснаесетникот на Реал Сосиедад и погоди за водство од 0:1 на Барселона, а иако голот изгледаше регуларен во прв момент, луѓето во ВАР го прекинаа славјето на каталонците со одлука која се уште отвора големи сомнежи.

Кадрите кои беа понудени во телевизискиот пренос не укажуваа на тоа дека стапалото на Левандовски е пред ногата на Најеф Агерд, но луѓето во ВАР подвлекоа линија според која врвот од копачката на Полјакот е во офсајд.

Ова ги натера фановите на Барселона да веруваат во теории на заговор кои ВАР почна да ги води против нивниот омилен тим, а во серијата потсмевачки коментари се јави и Рафиња.

Неколку членови на Барса како Ињаки Пења и Касадо побараа разгледување на целата спорна ситуација, додека Рафиња реши да се потсмева со Шпанците преку социјалните мрежи.

Бразилскиот фудбалер ја сподели виралната слика според која ногата на Левандовски беше продолжена од луѓето во ВАР, објава со која само потврди дека се сомнева во веродостојноста на подвлечената линија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни