Шпанија
Рафиња: Ако кажам што мислам, нема да заиграм во Ла Лига

Бразилецот Рафиња е еден од најдобрите играчи на Барселона од стартот на сезоната и константно воодушевува со своите настапи, а така беше и вчера на гостувањето во Лисабон.
Капитенот постигна два од петте гола кои и донесоа драматична победа на Барселона над Бенфика (4:5), но откако призна дека тој бил дел од големата мешаница која настанала во тунелот на „Луж“, Бразилецот добил прашање за една необична споредба меѓу Лигата на шампионите и Ла Лига.
Новинарите го запрашале Рафиња дали постои голема разлика меѓу арбитражата на европските судии и оние во шпанската Ла Лига, по што офанзивниот фудбалер го дал следниот одговор:
– Ако кажам се она што го мислам, најверојатно нема да заиграм во Ла Лига. Доволен е тој одговор,- порачал Рафиња.
Оваа негова изјава е последица на последниот натпревар кој го одигра Барса во домашното првенство, дуел на кој каталонците излегоа и со официјална протестна нота за недосудениот пенал и лошиот критериум на главниот судија.
-
НБА6 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони23 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија8 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија21 час
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Англија6 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија7 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Лига на шампиони7 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)