Шпанија
Рафиња: Ако бев во друг клуб, ќе размислев дали да дојдам во Барселона!
Рафиња доби голема одговорност од Ханси Флик и прерасна во лидер на тимот во соблекувалната и на теренот, а носењето на капитенската лента е дополнителен доказ колку германскиот стручњак верува во неговите квалитет.
Бразилскиот репрезентативец се прероди под водство на Флик и дефинитивно ги презентира најдобрите партии како член на Барселона, но бидејќи капитенската лента му носи и многу познајачна улога и надвор од теренот, неговата последна изјава пред полуфиналето во Суперкупот привлече навистина големо внимание.
Барса како клуб се уште бара легитимни начини да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, а запрашан за тоа како тој ја доживува цела оваа сапуница, Бразилецот даде искрен одговор кој многумина го протолкуваа и како забелешка за Жоан Лапорта.
– Ако бев во друг клуб и ја гледав ситуацијата која ја доживуваат Олмо и Виктор, сигурно ќе размислев дали да доаѓам во Барселона, или да направам трансфер во друг клуб.
– Јас сум искрен и ова е тоа што го мислам. Кога јас доаѓав во клубот, добро знаев во што се впуштам, сакав да заиграм со овој дрес и чекав до последен момент. Не се каам за ништо од стореното, – потенцира Рафиња.
– Олмо и Виктор даваат позитивни сигнали, но ситуацијата не е пријатна и изгледа доста комплицирано. Се обидуваме да не им вршиме притисок, а истовремено се надеваме дека одговорните што поскоро ќе го решат проблемот, – завршува капитенот на Барса.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)