Англија
Рафаел: Не го сакам Тевез, тој беше вистинско ѓубре!

Рафаел Да Силва се уште е фудбалски активен и се врати во родната земја за да ги брани боите на Ботафого, но во Европа беше надалеку познат по времето кое го мина во Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот десен бек мина седум години на „Олд Трафорд“ и запиша повеќе од 100 настапи во силниот тим на Јунајтед, па иако воглавно има добри спомени од времето во Манчестер, искусниот дефанзивец на јавноста и сподели една информација поврзана за нетрпеливоста со Карлос Тевез.
Рафаел имаше физички контакт со Аргентинецот непосредно откако овој замина во Манчестер Сити, а десет години подоцна, Рафаел открива дека нема воопшто добро мислење за Тевез и како човек.
– Јас не сум голем фан на Тевез, ниту како фудбалер, ниту како човек. Имав тепачка со него на теренот и сите знаете за тоа. Тоа беше на првиот меч кој го имаше како член на Сити против Јунајтед.
– Никогаш не сум бил голем фан, а ќе ви откријам и зошто. Тој беше вистинско ѓубре кон новите и млади играчи кои доаѓаа од школата. Не се срамам да кажам, воопшто не го сакам Тевез. Ги третираше младите играчи на Јунајтед навистина многу лошо. Кон постарите покажуваше респект, но кон младите беше вистинско ѓубре, – открива Рафаел.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ