Рафа во спасувачка мисија: Надал во кал до половина го расчистува невидениот хаос на Мајорка (Видео)

rafa-majorka

Изминативе денови се многу тешки за сите жители на островот Мајорка, од едноставна причина што овој дел од Шпанија беше погодел од обилни и незапаметени врнежи од дожд кој предизвикаа уште поголема природна катастрофа.

Надојдените води го поплавија островот и направија вистински хаос на улиците, а во целата оваа катастрофа најлоша вест е што загинаа девет лица, а уште доста се водат за исчезнати. Сето ова, ги принуди властите да испратат голема помош за расчистување на хаосот на Мајорка, а во големата акција се вклучи и најголемата ѕвезда од овој крај, Рафаел Надал.

Светскиот рекет број еден се солидаризираше со своите сограѓани, па покрај тоа што им ги понудии просториите од својата тениска Академија на најпогодените од попплавите за преноќиште, исто така се вклучи и во спасувачката мисија, односно чистењето на улиците и хаосот со цел да се спречи опасноста од заразни болести.

Facebook Коментари