Поврзете се со нас

АТП

Рафа сепак ќе се загрева за Ју-Ес Опен: Надал го потврди учеството на Синсинати

Објавено

на

Рафаел Надал поради мал пех го откажа настапот во Монтреал и порача дека ќе одмора на Мајорка и ќе продолжи со полесни тренинзи, но иако тоа отвори страв дека ја обновил повредата од Вимблдон, ситуацијата сепак не е алармантна.

Тоа го потврди и шпанскиот тенисер со својата последна објава на социјалните мрежи, преку која најави дека ќе игра на следниот голем Мастерс турнир од серијата 1000.

Надал сепак ќе има официјално загревање за Ју-Ес Опен, бидејќи ќе биде дел од ждребот во Синсинати и ќе настапи на Мастерсот во Америка.

– Многу сум среќе што повторно ќе играм во Синси. Утре патува натаму, – порача Надал.

Шпанецот заработи мускулна повреда на абдоменот во четвртфиналето на Вимблдон и без борба се повлече во полуфиналето, но проблемите очигледно ги оставил зад себе и сега ќе атакува на нови успеси по оние на Австралија Опен и Ролан Гарос оваа година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни