Поврзете се со нас

АТП

Рафа е „крал“ и во Италија: Надал одново најде решение за Ѓоковиќ и ја освои 10. титула во Рим

Објавено

на

Рафаел Надал ја доби 57-та битка со вечниот ривал Новак Ѓоковиќ и дојде до 28-та победа во меѓусебните дуели, откако ова попладне беше подобар во фантастичната битка на Мастерсот во Рим каде Шпанецот стигна до јубилејна титула.

Шпанскиот тенисер го освои десеттиот трофеј во италијанската престолнина и го задржа приматот „крал на земја“, бидејќи повторно славеше над големиот противник кој лани уверливо го победи во финалето на Ролан Гарос.

Надал и Новак понудија најголема борба во првиот сет кој беше исрцпувачки и кој Рафа го доби со 7:5, по што следеа два доста чудни сета во кои имаше доминација на еден тенисер.

Србинот се врати во игра и израмни на 1:1 откако го завери вториот сет со убедливи 6:1, резултат во кој свој удел имаше и Надал кој значително го намали интензитетот.

Рафа одново го видовме во своето најдобро лице во одлучувачкиот сет, во кој при 2:2 успеа да спаси една брејк топка, а потоа во наредниот зададе удар со брејк на сервис на Ноле и до крајот победи со 6:3 за 10-ти трофеј на Мастерсот во Рим.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни