Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Заслужено победивме, ќе бидеме подготвени и за Ловќен

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје славеше и на вториот натпревар во „балонот“ во Сараево и тоа против Спарс Илиџа со 87-77.

Нашиот претставник беше супериорен во првиот дел во кој направи двоцифрена предност, потоа противникот се закани во третиот период и притискаше и во завршната четвртина, но клубот од Аеродром се одбрани и дојде до петтото славје во шестата пресметка во АБА 2 лигата.

-Moжеби шутот за три поени беше клучен. Имавме ситуации кои ги решивме под кош, но и погодивме од надвор, ние сме шутерска екипа и за нас тој шут за три поени е едно од најважните оружја. Сакам да им честитам на Спарс за квалитетната партија, одиграа машки, беа подготвени за овој натпревар.

-Гледам дека немаме ниту еден поен во транзиција, тоа е наша одлука во играта и е проблем, меѓутоа добро успеавме да го добиеме мечот од други аспекти. Скокот ни беше проблем, слободните фрлања беа така-така, но генерално ја имавме контролата на мечот и мислам дека заслужено победивме. Пред нас сега е Ловќен, сериозна екипа за која ќе се подготвиме и ќе видиме што ќе биде, -истакна тренерот Дарко Радуловиќ.

МЗТ ќе се соочи со Ловќен во недела од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни