Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Славевме против еден од главните фаворити, одиме на победа и против Рогашка

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје со победа над српски Младост го започна овогоденешното учество во АБА2 лигата.

Составот од Аеродром покажа знаење, квалитет, константнот, упорност и дојде до заслужен труимф во првиот меч на првиот турнир во ова натпреварување.

Од играта, залагањето и резултатот задоволен беше тренерот Дарко Радуловиќ кој воедно верува оти оваа група ќе продолжи да расте како што ќе одминува времето.

-Драго ми е што со победа го отвараме турнирот особено поради тоа што совладавме тим како Младост кој сигурно ќе биде еден од фаворитите за пласман во елитата. Многу сум среќен што стартувавме со победа. Очекував ваков физички тежок, активен меч и мислам дека добро се покажавме бидејќи водевме речиси во сите 40 минути.

-Играчите дадоа максимум, беа борбени. Имавме и одредени пропусти, ама нив ќе ги елиминираме со текот на времето како што екипата ќе се воигрува. Морам да бидам задоволен бидејќи постигнавме многу поени од контранапади, имаме квалитетен скок и го остваривме она кое се договаравме.

-Приоритет беше да се добие овој меч и сега со овој победнички елан ќе се спремаме за Рогашка и очекувам нова победа, -порача Радуловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни