АБА лига
Радуловиќ: Рогашка ни одржа лекција по кошарка, пристапот мора веднаш да се промени инаку…
Екипата на МЗТ Скопје се прикажа во лошо светло и загуби убедливо од Рогашка во рамките на второто коло од АБА2 лигата.
Нашиот претставник едноставно потфрли и му дозволи на противникот да доминира и има контрола на резултатот и играта од првата до последната четвртина. Оваа лоша партија дојде по фантастично издание на отварањето против Младост Земун, па со право беше лут и бесен тренерот Дарко Радуловиќ кој ги предупредил неговие момци пред натпреварот да не опуштаат.
-Се беше проблем на овој меч, немавме транзицијата, немавме скок, бевме млитави во напад, бевме без комуникација во одбрана. Ги предупредив кошаркарите пред мечот дека не треба да го потценат противникот и се случи спротивното. Бевме растеретени, мислевме дека ќе го добиеме овој натпревар со самото појавување на терен.
-Рогашка ни одржа лекција по кошарка, како се игра, како се бори. Она што ние го покажавме против Младост, денеска бевме на „минус“ 100 проценти. Пристапот мора веднаш да се промени, инаку проблемите ќе ги решаваме на друг начин, -порача Радуловиќ.
-
АТПпред 18 часа
Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)
-
Шпанијапред 6 часа
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)
-
Англијапред 21 час
Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот
-
ВТАпред 5 часа
Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
-
Светпред 23 часа
Ѕвездите на Реал влегоа во клинч, Љуљ со еден потег покажа лидерство (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Германски бундеслигаш го прозва Пике: Нека дојде и да видиме дали ќе го промени мислењето (Видео)
-
НБАпред 20 часа
Невидена сцена во НБА лигата: Блек и Дик ги разменија дресовите и режираа циркус за паметење (Видео)