Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Покажавме карактер, но тоа не беше доволно

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје се избори за триумф над Младост Земун, меѓутоа тоа славје не беше доволно за пласман во полуфиналето во АБА2 лигата.

МЗТ Скопје со победа го заврши настапот во АБА2 лигата

„Металците“ попладнево славеа со 92-86, ама овој резултат беше далеку од она што беше потребно за билет за полуфиналето со оглед на тоа што првата средба во Подгорица ја загубија со 20 разлика.

Со ова МЗТ неуспешно заврши уште една кампања во регионалното натпреварување со оглед на тоа што целта беше да се дојде до елтната АБА лига, но без разлика на тоа тренерот Дарко Радуловиќ е задоволен што неговите момци покажаа карактер во втората пресметка со Младост.

-Лошо го започнавме и овој натпревар и мислам дека тука ни завршија надежите и шансите за евентуален камбек на овој меч. Многу поени примивме во првата четвртина, во втората се вративме со добра одбрана, меѓутоа немавме направено веќе некоја мала, капитална предност со која можевме да се надеваме. Младост покажа дека е неверојатно агресивна екипа, исто така дека располага со доста индивидуални решенија во напад. Честитики за пласманот во полуфинале и им посакувам среќа во понатамошните борби.

-За нас можам да кажам оти покажавме карактер за да се вратиме, покажеме дека тоа пред два дена не беше правото лице на МЗТ Скопје, но тоа не беше доволно, -рече Радуловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни