Поврзете се со нас

Македонија

Радовиќ стави потпис на нов договор со Пелистер: Тука се чувствувам како дома

Објавено

на

Еурофарм Пелистер продолжи да го гради составот за новата сезона, а последната вест е дека е продолжен договорот со големиот борец Мирко Радовиќ.

Црногорскиот репрезентативец ја прифати понудата од клубот и ќе остане во Битола најмалку до 2022 година.

-Битола е моја втора куќа и луѓето направија да се чувствувам на секој чекор како дома, -истакна Радовиќ кој се надева дека наредната сезона со помош на навивачите ќе можат да се израдуваат и на трофеи.

Пред Мирко потписи на нови договори ставија Граџан, Маркоски и Ојлески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни