Шпанија
Радикалните навивачи на Сосиедад го „торпедираа“ автобусот на Атлетико, Симеоне збесна и стана од седиштето (Видео)

Атлетико Мадрид дефинитивно не е во шампионската форма од минатата сезона и тимот на Диего Симеоне се соочува со доста проблеми во последно време, а последен доказ е поразот од Реал Сосиедад и елиминацијата од Купот.
„Душекџиите“ останаа без шанса да се борат за трофејот во најмасовното натпреварување во Шпанија уште во осминафиналето, бидејќи вчера беа надиграни од баскискиот тим кој победи со резултат 2:0.
Симеоне има двојна причина за нервоза по новиот претрпен неуспех, бидејќи покрај поразот, мораше да гледа како тој и неговите играчи доживуваат шок пред средбата во Сан Себастијан.
Најрадикалните навивачи на Сосиедад го „торпедираа“ клупскиот автобус на Атлетико со различни тврди предмети и шишиња, сцена која го разбесни темепраментниот Чоло.
Како што доловуваат видеата, бесниот Симеоне не можел да остане рамнодушен и станал од своето седиште во автобусот, испраќајќи им јасни сигнали на навивачите на Реал Сосиедад за некоректните потези.
🎥 Diego Simeone was ready to fight the Real Sociedad fans.
pic.twitter.com/avy91cPJRt— Atletico Universe (@atletiuniverse) January 19, 2022
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!