Поврзете се со нас

Свет

Радикалната трансформација на Озил ги зачуди фудбалските фанови на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/m10_official

Месут Озил реши да се пензионира на 34 години и доста рано се посвети на други работи кои не се поврзани со фудбалот, но мора да се признае дека поранешниот германски репрезентативец прави се за да остане во форма.

Дел од големите фудаблски ѕвезди најчесто знаат да се опуштат по крајот на кариерите и да бидат непрепознатливи со пуштените стомаци, но има и такви како Сидорф, Зе Роберто и Торес кои по крајот на кариерите се посветија на теретаната.

„Ел Нињо“ Торес доживеа радикална промена и сега изгледа како билдер, а на таков пат по се изгледа е и Месут Озил кој додека играше професионално фудбал, беше евидентно слаб и му недостасуваше мускулна маса.

Најновите видеa од Озил ни откриваат дека тој напорно работи во теретана и за една година целосно се трансформирал, а радикалната промена ги шокираше фудбалските фанови.

Озил се пензионираше минатата година во Турција, а претходно настапуваше за големи фудбалски великани како Арсенал, Реал Мадрид, Вердер Бремен и Шалке 04.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни