Радикална промена: Вимблдон воведе специјален тај-брејк во петтиот сет!

anderson-isner1

Овогодинешното издание на Вимблдон донесе едно големо изненадување во патот до големото финале, а истото го направи Кевин Андерсон кој успеа да го детронизира Рожер Федерер во четвртфиналето, а потоа после епско полуфинале, да се пласира и на завршниот меч каде едноставно немаше сили и решение за Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот од Јужна Африка имаше исцрпувачки меч со Иснер кој траше повеќе од шест часа и кој заврши 26:24 во петтиот сет, сценарио по кое Андерсон јавно се пожали и побара најпрестижниот турнир во иднина да побара решение за кратење на мечевите кои одат во петти сет. Неговиот предлог беше да се постави тајбрејк како на другите грен-слеми при резултат 12:12 во петтиот сет, а интересно, Вимблдон го прифати токму неговиот совет и денеска ја најави оваа радикална промена која ќе бида актуелна од наредото издание на турнирот.

На овој начин повеќе нема да гледаме натпревари како оној исцрпувачкиот меѓу Андерсон и Иснер во полуфиналето, а исто така, како апсолутен рекорд ќе остане оној незаборавниот меѓу Иснер и Мау кој заврши 70:68 во меч кој траше три дена.

– Комитетот на Вимблдон бараше решение по барањата на играчите и судиите, анализирајќи ги случувањата во последните две декади, а притоа земајќи ги во предвид сите други фактори, како и интересот на гледачите. Според наше мислење, дојде време да се вметне тајбрејк, иако знаеме дека нема многу мечеви да дојдат до тој степен. Веруваме дека тајбрејк при резултат 12:12 ќе ја задржи неизвесноста, но ќе им дозволи на тенисерите да го комплетираат мечот, – стои во соопштението на Вимблдон.

isner-mau

Facebook Коментари