Поврзете се со нас

Македонија

Радески донесе победа за Струга во „езерското дерби“

Објавено

на

Составот на Струга Трим Лум славеа над Воска Спорт со 1-0 во заостанатиот меч од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а истиот беше одлучен во самиот финиш со погодокот на повремениот македонски репрезентативец, Марјан Радески. Радески стрелаше со глава во 86 минута за три големи бода на актуелниот шампион кој сега има само еден поен помалку во однос на лидерот Шкендија кој пак има одиграно еден натпревар повеќе од избраниците на Дуро.

Струга за неколку дена ја очекува тежок дуел во Скопје, гостување на Чаир кај Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни