Поврзете се со нас

Македонија

Раде Стојановиќ останува на клупата на Охрид

Објавено

на

Една од најдобрите екипи во првата македонска ракометна лига во сезоната 2019/2020, составот на ГРК Охрид објави дека е продолжена соработката со тренерот Раде Стојановиќ.

Охриѓани беа најпријатното изненадување и беа при самиот врв на табелата на само еден бод од екипата на Металург, а за тоа дефинитивно голема заслуга имаше стратегот Стојановиќ. Сепак поради пандемијата од коронавирусот оваа кампања мораше предвреме да биде завршена, но Охрид одлучи да го задржи Стојановиќ, поточно да му понуди нов договор кој беше прифатен од поранешниот македонски репрезентативец.

-Раде Стојановиќ и следната сезона ќе биде тренер на Охрид! Стојановиќ и клупската управа, денеска, ја официјалзираа соработката за уште една сезона, -порачаа од таборот на македонскиот прволигаш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни