Македонија
Работнички заборави на проблемите и го урна Пелистер во Скопје
Играчите и стручниот штаб на Работнички решија да излезат на терен и покрај сериозните финансиски проблеми во клубот, но што е уште поважно, кошаркарите од Градски парк успеаја да одиграат извонредно дерби и да победат против Пелистер.
Работнички покажа дека е посилен од проблемите, но и од фактот што играше без својот најдобар играч, Стојан Ѓуроски, па сето тоа ја прави победата над Пелистер уште послатка за најтрофејниот македонски колектив.
Дуелот кој се одигра во СРЦ „Кале“ беше диктиран од страна на домаќините и покрај тоа што Пелистер се закануваше во неколку наврати, но фактот што домаќинот доби три од четирите четвртини, најдобро ја отсликува заслужената победа остварена со двоцифрена предност.
Работнички на крајот победи со 84:70 и извојува победа која ќе им дојде добро и на верните навивачи, но и на самиот тим кој сега го мина Пелистер на првенствената табела со скор 6-2.
Полутак беше прво име на паркетот со 28 поени и 14 скокови во победата на Работнички, Капетановиќ уфрли 15 поени, додека во лошото издание на Пелистер се истакна Стајиќ со 20 поени.
-
АТП22 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија20 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Репрезентација23 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Англија21 час
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија24 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Четири премиерлигашки пресметки во четвртата рунда на ФА Купот (ФОТО)