Поврзете се со нас

Македонија

Работнички заборави на проблемите и го доби драматичното дерби во Кавадарци

Објавено

на

Неделната програма во македонската Прва кошаркарска лига донесе само еден натпревар, но стануваше збор за големо дерби меѓу тимовите кои високо котираат на табелата.

Еуро Никел го пречека Работнички во Кавадарци и понудената претстава ги задоволи очекувањата на големите кошаркарски фанови во нашата земја, бидејќи истиот изобилуваше со многу пресврти, неизвесност, но и завршна драма.

Гостите од Скопје заминаа во тиквешијата со големи проблеми поради неисплатени плати, но играчите на Работнички сепак успеаја да го стават тоа настрана и забележаа седма победа во низа во домашното првенство.

„Центарци“ беа поприсебни и посмирени во возбудливата завршница и на крајот победија со тесни 91:92, триумф со кој се искачија на второто место на табелата, прескокнувајќи го денешниот ривал.

Работнички сега има биланс од 13 победи и 4 порази, па по 17 комплетирани рунди има само бод помалку од шампионот МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни