Работнички вторпат го совлада Куманово и е на чекор до финалето

cavdar kostov

Тимот на Работнички славеше уште една убедлива победа на гостувањето кај Куманово со 82: 68 и поведе во полуфиналната серија од македонското кошаркарско првенство со 2:0.

Избраниците на Марин Докузовски имаа одлична прва четвртина која ја добија со 16 поени разлика (28:12) и веќе по првите десет минути ја најавија победата на овој натпревар.

Следните три четвртини се играше главно израмнета кошарка во која Куманово беше поуспешен во втората, додека третата и четвртата со минимален резултат му припаднаа на гостинот од Скопје.

Бугарскиот интернационалец Чавдар Костов со 20 поени беше најпрецизен во Работнички, а солидна партија имаа и Гинјард со 18 и Еванс со 16 постигнати поени. Во домашниот тим на Куманово најдобар поединец беше капитенот Јанески со 17 поени.

Facebook Коментари