Поврзете се со нас

Македонија

Работнички во драматичен меч го освои „Јасмин“

Објавено

на

Работнички претрпе непријатен пораз од ТФТ Скопје во градското дерби, но тимот од „Градски парк“ денеска успеа да се врати на победничките патеки, и тоа во тежок меч против Тиквеш.

Гостите од Скопје успеаја да ја освојат салата „Јасмин“ во Кавадарци, пред се поради подобрите нерви и мирната рака на кошаркарите во клучните моменти.

Последните 10 минути донесоа вистинска драма на теренот и навистина не се знаеше во кој правец ќе замине мечот, но во финишот стана јасно дека помирни се гостите кои славе со 81:85.

Тиквеш дефинитивно има за што да жали со оглед на тоа што во завршните две минути влезе со предност од 76:74, но петте постигнати поени до крајот на мечот беа премалку за да се надева на победа.

Полутак со 20 поени беше прво име во победничкиот тим, додека најефикасен на паркетот беше Пантелиќ од Тиквеш со 23 поени зад своето име.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни