Работнички со убедлива победа го отвори полуфиналето со Куманово

Rabotnicki-Kumanovo1

Лидерот од регуларниот дел во кошаркарското првенство во Македонија, екипата на Работнички без поголеми проблеми со 101:72 славеше во првиот натпревар од полуфиналната серија против тимот на Куманово.

Rabotnicki-Kumanovo3

Гостите од Куманово беа рамноправни, дури и подобри само во првата четвртина која ја добија со 29:25.

Пота следуваше одлична игра на избраниците на Марин Докузовски кои на убедлив начин ги добија преостанатите три четвртини (27:14, 21:16, 28:23) за убедлива победа по финалниот судиски свиреж.

Rabotnicki-Kumanovo1

Робинсон и Еванс беа најпрецизни во редовите на тимот од „Градски парк“ со по 19 постигнати поени, додека кај Куманово се истакна Бранислав Ѓекиќ со 14 поени.

Следната средба помеѓу овие екипи се на 12 мај, а ќе се игра во салата во Куманово.

Rabotnicki-Kumanovo4

Facebook Коментари