Работнички тргна победнички, Хонвед го пречекува реваншот со негатива (Видео)

Rabotnicki-Pobeda3

Работнички го започна настапот во квалификациите за Лига Европа со победа над унгарски Хонвед со резултат 2:1.

Тимот предводен од Ѓоре Јовановски успеа да оствари победа на европското деби сезонава, а резултатот го отвори Петковски уште во 14. минута.

Гостите израмнија преку Наѓ во 45. минута, а конечните 2:1 ги постави Шаркоски во 60. минута, па со оваа предност „романтичарите“ ќе патуваат на реваншот во Будимпешта.

Вториот натпревар ќе се одигра на 17. јули во унгарската престолнина.

Facebook Коментари