Поврзете се со нас

Македонија

Работнички со „стотка“ до нова победа, Пелистер на чекор до полуфинале

Објавено

на

Екипите на Работнички и Пелистер забележаа нова победи во соочувањата со Феникс 2010 и Еуро Никел 2005 во соочувањето во четвртфиналето во плејофот во Првата лига.

Работнички во скопската пресметка мораше да прави пресврт во соочувањето со Феникс, ама на крајот дојде до целта и славеше со резултат 100:94.

Домаќините губеа 11 разлика на полувреме, меѓутоа по одморот имаа фуриозни 10 минути кои ги реализираа со 36:18 и потоа не дозволија протовникот одново да се врати во игра. Трајс со 32 поени беше прв стрелец, Рикиќ пак имаше дабл-дабл од 23 поени и 13 скокови.

Рис кај поразените реализираше 30 кошеви.

Пелистер пак го доби соочувањето со Еуро Никел со 90:85, па и битолчани исто како „црвено-белите“ водат со 2-0 во сериите кои се играат во три добиени.

Костески и Маслинко искомбинираа 46 поени, кај екипата од Кавадарци, Дубински како прво име заврши со 23.поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни