Поврзете се со нас

Македонија

Работнички со спектакуларно второ полувреме се избори за пресврт против Ангели

Објавено

на

Работнички останува со стопроцентен учинок и по третата рунда во македонската кошаркарска Суперлига, откако денеска со пресврт го остави зад себе лошото прво полувреме во кое прволигашкиот дебитант Ангели сериозно се закани.

Гостинскиот тим имаше предност од 38:49 на паузата и навистина има за што да жали, но во продолжението, не доби никаква шанса, бидејќи избраниците на Томи Симиќ ги засукаа ракавите и експресно се фатија за работа.

Работнички дозволи противникот да постигне само четири поени во третиот период и тоа беше најава за големиот пресврт, кој беше комплетиран со извонредна серија и добивање на последниот период до 31:16.

Фаворитот ја надокнади негативата од 11 поени и на крајот славеше со уверливи 86:69, со што стигна до третата победа на исто толку одиграни средби од стартот на сезоната.

Американецот Емерсон со 21 поен беше најзаслужен за враќањето на „центарци“, Данаиловски уфрли 18, додека на спротивната страна во тимот на Ангели, најефикасен беше Мандерсон со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни