Поврзете се со нас

Македонија

Работнички со пресврт до победа над Кожув, Пелистер одигра ол-стар натпревар

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички славеа над Кожув со 100-85 во вечерашниот меч во домашниот шампионат.

Најтрофејниот македонски клуб одигра лошо во првиот дел пред се дефанзивно и на пауза замина со негатива од 12 разлика (53-41). Во второто полувреме како да излезе нова екипа, па избраниците на Тони Симиќ блескаа на двете страни на теренот и се изборија за шесто славје во деветтиот натпревар,

Пол со 41 и Муставица со 27 поени беа најдобри поединци кај побендикот, а кај поразените Вилијамас ја предводеше листата на стрелци со 22 кошеви.

Лидерот Пелистер пак беше супер расположен за игра против Ангели и запиша триумф од 142-88. Битолчани играа во транс како да се на некој НБА Ол-стар натпевар во кој дури шест играчи беа двоцифрени, а како лидер беше Малешевиќ со 33 кошеви.

Во последниот меч Еуро Никел беше подобар од вториот состав на МЗТ Скопје со 81-66

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни