Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички со пораз од Младост го заврши настапот во „балонот“ во Златибор

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички со пораз од Младост од 89-73 го завршија настапот на првиот турнир во АБА2 лигата.

Најтрофејниот македонски клуб едноставно не можеше да се носи со составот од Земун кој одигра со повеќе енергија, поборбено и таа негова желба му донесе триумф во Златибор. Првото полувреме се покажа како клучно со оглед на тоа што Младост направи позитива од 21 разлика (49-28) што беше преголем залак за центарци кои во продолжението само успеаа да се изборат за поблаг пораз.

Питс со 28 поени, 2 скока и 8 асистенции беше најсветла точка кај клубот од „Градски Парк“ кој првиот „балон“ во ова натпреварување го заврши со учинок 2-2 (победи-порази).

Кај Младост се истакна Мичел со 26 поени, 7 скокови и 9 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни