Поврзете се со нас

Македонија

Работнички со подобар финиш од Еуро Никел најави ново куп финале со МЗТ

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички повторно беа поснаодливи и поквалитетни во неизвесна завршница, а вечерва го совладаа Еуро Никел (85:79) и обезбедија пласман во финалето на македонскиот кошаркарски куп.

Работнички вечерва стартуваше подобро и го доби првиот период со 24:20, но кавадарчани потврдија дека имаат сериозни амбиции и на полувреме заминаа со три поени позитива.

Најтрофејниот тим во македонскиот куп го контролираше третиот период и влезе со предност 61:57 во решавачката етапа, која донесе возбудлива завршница.

Со поените на Рикиќ, Еуро Никел израмни на 79:79 на 94 секунди до крајот, но следуваа поени на Бундовиќ за нова предност на Работнички, додека противникот погреши на спротивната страна.

Еуро Никел доби уште една шанса да израмни, па и да поведе, но Дубински не реализираше удар за три поени на 29 секунди до крајот, по што следуваше пенал завршница, во која Работнички ги постави конечните 85:79.

Бундовиќ со 29 и Мулалиќ со 17 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека Рикиќ и Петровски постигнале по 16 поени во тимот на Еуро Никел.

Со вечерашната победа, Работнички се избори за место во финалето, во кое утре ќе се сретне со вечниот ривал МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни