Поврзете се со нас

Македонија

Работнички со официјална реакција за „грабежот“ во Охрид: Не е признат регуларен гол (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcrabotnicki

Работнички минува низ тежок период и направи нова тренерска смена на почетокот на минатата недела, но деби настапот за Горан Станиќ како тренер на првиот тим не мина на најдобар можен начин.

„Романтичарите“ се се поблиску до опасната зона и вчера ремизираа со Воска Спорт во Охрид, со тоашто мора да се признае дека гостите од Дебар Маало беа сериозно оштетени на овој меч.

Мазари од непосредна близина биеше со глава и топката се одби од гредата и заврши зад гол линијата, но потоа излезе и се врати на теренот.

Повторените снимки покажаа дека не беше признат регуларен гол на Работнички и судиите останаа неми во 72-та минута, па Работнички денеска излезе со официјална реакција и објавено видео од ситуацијата.

– ФК Работнички е сериозно оштетен на вчерашниот натпревар против Воска Спорт! Не е признат регуларен гол во 72. минута, што може да се погледне од видеото, – се вели во реакцијата на Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни