Поврзете се со нас

Македонија

Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија

Објавено

на

Работнички е една од најдобрите екипи во досегашниот дел од Првата македонска фудбалска лига, но Купот е посебно натпреварување и тоа денеска на своја кожа го почувствува клубот од Дебар Маало.

„Романтичарите“ експресно го завршија настапот во Купот на Македонија откако доживеаа шокантен пораз од третолигашот Шкендија Арачиново. Избраниците на Станиќ по пет кола во ПМФЛ имаат примено само два гола, а денеска исто толку примија од Шкендија во поразот од 2-0.

Трпевски во првото и Алии беа стрелци за составот до Арачиново за најголемо изненадување во оваа фаза.

Вардар како гостин рутински се справи со Новаци со погодоците на Омерагиќ и Донгмо, а триумфи забелажаа и останатите прволигаши.

РЕЗУЛТАТИ:

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 0-1

ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА 0-5

КАРБИНЦИ – СИЛЕКС 1-4

КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – АРСИМИ 1-2

НОВАЦИ – ВАРДАР 0-2

ОХРИД – БЕСА 1-5

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ 2-0

СЛОБОДЕН – БРЕГАЛНИЦА 0-6

СЛОГА ВИНИЦА – СТРУГА 1-6

ВАРДАР НЕГОТИНО – АП БРЕРА 0-4

ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ 0-8

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни