Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со крилен центар од БиХ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.fiba.basketball/europe/u18/2017

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички продолжува да го гради составот за натпреварувачката 2024/2025, па така најновото засилување доаѓа од Босна и Херцеговина.

Нов член на скопскиот клуб е 25-годишниот Његош Сикираш, крилен центар кој досега има настапувано во Шпанија, Италија, секако својата татковина и Словенија.

Токму од Словенија доаѓа во Македонија и тоа од составот на Рогашка каде имаше квалитетни изданија и просек од 17,5 поени, 8,7 скокови и 1 асистенција по натпревари.

Инаку Работнички претходно ги обезбеди потписите на плејмејкерот Михаило Јовичиќ и бекот Весли Персон Џуниор.

Работнички договори и американски плејмејкер (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни