Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со белоруски дефанзивец

Објавено

на

Сениорскиот тим на ФК Работнички веќе е на подготовки во Охрид, а раководството обезбеди уште едно засилување за новата сезона.

Од денеска Работнички е посилен за белорускиот фудбалер Александр Позњак, кој ќе ја засили одбранбената линија на скопскиот прволигаш.

Позњак е 26-годишен фудбалер кој најчесто игра на позицијата стопер, но може да се снајде и на левата страна, а зад себе веќе има еден настап и за сениорската репрезентација на Белорусија.

Доаѓа од екипата на Динамо Брест, а има настапувано и за Шахтјор Солигорск, Неман и други клубови.

Дебито на Позњак се очекува во среда, кога Работнички ќе одигра контролен натпревар против Ренова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни