Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со бек од Хрватска (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Работнички успеа да ги обезеди услугите на искусниот хрватски интернационалец Карло Враговиќ.

Ова за Враговиќ ќе биде всушност враќање во Македонија со оглед на тоа што две години во периодот од 2014 до 2016 беше дел од составот на Фени Индустри.

-Многу сум задоволен од условите, клубот има големи амбиции во домашното првенство и во АБА2-лигата. Многу добро ја познавам државата и опкружувањето во кое ќе играм. Тренер им е поранешниот играч Димитар Мираковски, а спортски директор легендата на македонската кошарка, Марин Докузовски, -истакна Враговиќ за „Баскетбал.хр“.

Враговиќ кој има 31 година во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во својата Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Романија. Бекот со Работнички потпиша едногодишен договор.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни