Работнички се освежи со четири нови фудбалери

zasiluvanja-rabotnicki

Македонскиот провлигаш Работнички ги засили своите редови во четири нови фудбалери Никола Шаркоски, Гзим Красниќи, Игор Крмар и Бујамин Асани, плус професионален договор потпиша младиот Андреј Лазаров.

Офанзивецот Шаркоски во клубот од Дебар Маало дојде од Победа притоа потпишувајќи тригодишен договор. Конкуренцијата во одбраната пак ќе ја засилат Красниќи,  Крмар и  Асани, првиот доаѓа од Партизани и договори соработка на една година, вториот ќе ја покрива десната бековска позиција во наредните две години, а пак третиот игра на позицијата лев бек и потпиша двегодишен договор со поранешниот македонски шампион.

Во однос на Андреј Лазаров, центарци очекуваат многу од него во иднина, па потпишан е четиригодишен професионален договор.

Facebook Коментари