Работнички се избори за реми и неизвесна куп пресметка во Тетово

rabotnicki-skendija

Работнички успеа да се избори за реми во првата осминафинална куп пресметка со фаворизираната Шкендија, и на тој начин ја остави неизвесноста за тоа кој тим ќе има поголеми шанси на реванш дуелот кој ќе се одигра во Тетово.

Гостите од Тетово доминираа во поглед на играта и имаа повеќе посед на топката, а иако дојдоа до почетно водство со голот на Бесарт Ибраими од белата точка, Работнички упорно одолeваше во продолжение од мечот, и на крајот дојде до израмнување. Филип Дурански ја искористи несигурноста во одбраната на Шкендија и погоди со глава во 73-та минута, а до крајот на средбата немаше поголеми возбудувања пред двата гола и двата тима се задоволија со ремито кое ветува големи возбудувања и на реваншот во Тетово кој е закажан за 18 октомври.

Останати резултати (осминафинале):

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-3

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-1

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 4-2

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 3-2

СКОПЈЕ – ЕУРОМИЛК ГЛ 3-0

КОЖУФ – ТЕТЕКС 2-2

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

ВАРДАР – ШКУПИ (одложена)

Facebook Коментари