Работнички со прва победа по подолг период, реми на Вардар, нов пораз на Шкендија

работнички

Денеска на програмата беше 16. коло од македонскиот шампионат во кое ниту една од водечките три екипи не успеа да слави победа.

Вардарци ремизираана гостувањето во Кратово со 2:2 испуштајќи ја победата во финишот од средбата кога Костовски во 86. минута го изедначи резултатот.

Претходно Силекс поведе со гол уште во 12. минута преку Гроздановски,  а Вардар во вториот дел се консолидираше и со погодоците на Тошевски и Цветановски поведе со 2:1 пред Костовски да го постави конечниот резултат.

Екипата на Работнички конечно забележа победа откако со 2:1 славеше на домашен терен против тимот на Борец. Младиот Тошевски и Велковски беа стрелци за „романтичарите“, додека Прелчец успеа само да го намали разултатот.

Шкендија беше запрена на гостувањето кај Струга Трим и Лум и претрпе пораз од 2:1, додека пораз забележа и второпласираниот тим на табелата Академија Пандев кој беше непоќен на „Чаир“ против Шкупи кој славеше со 3:1.

Facebook Коментари