Поврзете се со нас

Македонија

Работнички повторно остана без гол, Шкупи продолжи на „грми“ во Чаир

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи имаа победнички старт на третиот круг во домашниот шампионат и тоа градскиот ривал Работнички кого го совладаа во својот дом со 2-0.

Избраниците на Седлоски уште еднаш потврдија дека се нерешлива енигма за „романтичарите“ во оваа сезона во која сите три пресметки завршија со триумф на лидерот без ниту еден примен гол. Првата во месец октомври заврши со 2-0, втората во февруари со 1-0, додека пак оваа со 2-0 и тоа со голови во вториот дел кои беа дело на Адетунџи и Радески.

Резултатот беше отворен во 51 минута преку Адетинџи за да во 85 домаќините остана без играч помалку. Сепак тоа не беше проблем за лидерот во ПМФЛ кој по акција во решија на Ѓорѓиевски и Радески стави точка околу побендикот на средбата во Чаир.

Шкупо сега има 55 бода и е чекор поблиску до титулата, Работнички со 31 е на 7 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни