Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички потврди: Четворица играчи се позитивни на КОВИД-19!

Објавено

на

Најтрофејниот македонски клуб Работнички официјално потврди дека има проблеми со заразени играчи со коронавирусот.

Клубот од „Градски парк“ се огласи во јавноста преку соопштение во кое информираше дека четворица кошаркари се позитивни, но и дека уште неколку други пројавуваат симптоми. Поради ова 14 играчи и членови на стручниот штаб имаат добиено решенија за 14-дневна самоизолација од Инистутот за епидемиологија.

Ова е соопштението на центарци:

КК Работнички ја известува јавноста дека 4 играчи од клубот добија позитивни КОВИД 19 тестови, а уште неколку други пројавуваат симптоми.

Во моментов 14 играчи и членови на стручниот штаб имаат добиено решенија за 14-дневна самоизолација од Инистутот за епидемиологија.

Моменталната состојба со коронавирусот во КК Работнички е и главната причини што не отпатувавме на вториот турнир од АБА 2 лигата, кој се одржува во Бања Лука во Босна и Херцеговина.

Во брзо време ќе добиеме резултати од новите тестирања, со што ќе имаме појасна слика кои играчи и членови на стручниот штаб се позитивни или негативни на КОВИД 19.

За сите дополнителни чекори кои КК Работнички ќе ги преземе во наредниот период, јавноста ќе биде навремено информирана –велат од Работнички.

Воедно од АБА информираа дека нашиот преставник дефинитивно нема да се појави на теренот на вечерашниот закажан меч против Спарс Сараево во АБА2 лигата, меѓутоа ја остави вратата отворено за останатите два дуели на турнирот во Бања Лука.

Сепак со оглед на тоа што се издадени решенија за самоизолација тогаш повеќе од јасно е дека тимот предводен од Мираковски службено ќе ги загуби сите три закажани дуели на овој турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни