Работнички поразен од српски Динамик на турнирот во Ботевград

rabotnicki-kumanovo

Работнички изгуби на турнирот во Ботевград против српскиот клуб Динамик. Кошаркарите на Работнички ја имаа иницијативата во нивни раце и по првите три четвртини беа во водство со 75:67 и како да беше јасно дека победата е во нивни раце. Но, кошаркарите на Динамик направија пресврт и во пенал завршница успеаа да победат. Сепак шанса за победа имаа и ,,црвено-белите” зошто го имаа последниот напад, но не успеаа да упатат удар кон противничкиот кош.Најефикасни во тимот од ,,Градски Парк” беа Чавдар Костов со 26 и Маркус Гинјард со 22 поени. Со овој пораз, Работнички ќе игра во борба за третото место на турнирот со поразениот од мечот меѓу Балкан и Академик Бултекс. Турнирот е во организација на бугарскиот клуб Балкан од Ботевград.

Facebook Коментари