Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички покажа моќ против Сутјеска и остана во игра за плејофот во АБА 2 лигата

Објавено

на

blank

Фото:АБА 2 лига

Работнички го пропушти претходниот балон во АБА 2 лигата и поради тоа многу назадуваше на табелата, па откако турнирот во Сараево го стартуваше со тесен пораз од МЗТ Скопје во големото дерби, ова попладне оствари важна победа со која ги задржува шанси за плејофот.

Тимот од Градски парк ја забележа третата победа во регионалното натпреварување, откако од почеток до самиот крај доминираше во пресметката со Сутјеска која се играше во Босна.

Кошаркарите на тренерот Мираковски не му дадоа никаква шанса на црногорскиот претставник и покажаа класа и континуитет на денешниот натпревар, во кој ја добија секоја четвртина.

Работнички стартуаше фуриозно и наметна ритам со 10 поени разлика во првиот период (26:16), продолжи во исто темпо и до крајот на првиот дел за плус 12, а во второто полувреме само ја потврди победата. Македонскиот тим славеше со 84:62 и остана во игра за плејофот во регионалното натпреварување, во кое за два дена игра против Широки Бријег.

Филип Бундовиќ беше најефикасен денеска со 18 поени, Мирко Мулалиќ имаше еден помалку, додека Питс одигра важна улога со своите 11 поени и 9 скокови во двата рекети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни