Поврзете се со нас

Македонија

Работнички подобар од Куманово, Кожув се поблиску до опстанок

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички славеа над Куманово со 98-92 во плеј-аут лигата од Првата македонска кошаркарска лига.

Работнички лошо го одигра првиот дел и на пауза замина со негатива од 46-33, но по паузата заигра далеку на повисоко ниво особено во третиот период кој го реализираше со 36-20 и го презема водството на семафорот кое потоа го потврди во завршните десет минути.

Најефикасен кај центарци беше Едвин со 32 поени и 13 асистенции, Какруки заврши со 17 поени. Кај Куманово се издвоија Јузбашиќ со 23 поени и Марјановиќ со 22 поени.

Кожув пак како гостин ја доби Академија ФМП со 74-68 и се поблиску до опстанок во лигата. Одлична партија имаше Унрух со 45 поени, додека во поразениот тим Бакоч заврши со 14 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни