Поврзете се со нас

Македонија

Работнички отвора против Борец, гостински предизвици за Шкендија и Шкупи во првото коло

Објавено

на

Денес во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија се одржа ждрепката за новата натпреварувачка сезона во Првата македонската фудаблска лига, во која за очекување е Шкупи да биде главниот предизвикувач на Шкендија во битката за титулата.

Шкендија ќе ја отвори новата сезона како бранител на трофејот, но се очекува да има далеку посилна конкуренција во Шкупи кој донесе неколку големи засилувања во досегашниот тек на преодниот рок.

За разлика од претходните сезони во кои Вардар секогаш беше фаворит за титулата, „црвено-црните“ поради финансиската криза ќе ги гледаме во Втората лига, па со оглед на вложеното и квалитетот, јасно е дека битката за титулата ќе биде „трка на два коња“.

Тетовските црвено-црни ќе ја започнат одбраната на титулата на гостувањето кај повратникот Тиквеш во Кавадарци, додека гостински предизвик во првото коло ќе има и Шкупи кај Брегалница.

Работнички ќе отвори на домашен терен против Борец од Велес, а во Скопје ќе се игра уште дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Пелистер.

Прво коло, 7/8 август:

Ак. Пандев – Струга ТЛ

Работнички – Борец

Тиквеш – Шкендија

Ренова – Скопје

Брегалница – Шкупи

Македонија ЃП – Пелистер

Целосниот распоред погледнете го на слендиот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни