Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички немаше решение за расположената Босна

Објавено

на

Фото: Bosna Visit Sarajevo/Bulend Saciragic

Работнички го забележа и вториот денешен пораз (84:58) за македонските клубови во АБА 2 лигата, немајќи решение на гостувањето кај Босна во Сараево.

Домаќините имаа солидна предност по првиот период (25:16), а победникот беше јасен по вториот, во кој Работнички постигна само пет поени, а противникот уфрли 21 за голема предност на подолгата пауза.

Босна немаше проблеми да го комплетира убедливиот триумф до крајот на средбата и целосно доминираше на теренот, нанесувајќи му го четвртиот пораз на македонскиот претставник на исто толку натпревари во регионалната лига.

Полутак со 19 поени е единствениот играч со двоцифрен ефект во редовите на Работнички на оваа средба, додека кај Босна, Ковачевиќ беше најдобар реализатор со 16 поени.

Босна е прва во групата со три победи, додека Работнички не може да побегне од улогата на фенерџија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни